Манчестер јунајтед одново поразен на свој терен од големиот ривал Ливерпул, овој пат со 0-3 во третото коло од новата сезона во Премиер Лигата.
Прочитајте следно:
Фудбалери на Партизан се испокараа сред натпревар (ВИДЕО)
Салах ги загрижи навивачите на Ливерпул: Да бидам искрен…
Шефот на стручниот штаб на „Црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг се најде на мета на критики поради перформансите на неговите избраници и начинот на кој неговиот тим го одигра мечот против „Редсите“, на што тој одговори на истите критики.
„Јас не сум Хари Потер, тоа мораме да го признаеме. Дури тројца фудбалери имавме во тимот за кои ова беше прв старт на еден меч во сезоната, Мануел Угарте немаше играно ниту една минута, мора да влезе во форма, ова е само трет натпревар сезонава, мораме да изградиме нов тим, ќе бидеме добри, јасно е дека треба да се подобриме, убеден сум дека на крајот од сезоната ќе имаме прилика да подигнеме уште еден трофеј“ рече Тен Хаг по дербито.