Со еден гол и две асистенции Мохамед Салах одново потврди дека му одговара теренот на „Олд Трафорд“, предводејќи го својот Ливерпул до победа над големиот ривал Манчестер јунајтед со 0-3 на негов терен.
Прочитај следно:
Ван Дајк до Лисандро Мартинез: Дојди на мене тоа да ми го направиш (ВИДЕО)
Митровски донесе победа за Вараждин (ВИДЕО)
Сепак, по мечот Салах во изјава за медиумите помалку ги загрижи навивачите на Ливерпул, потсетувајќи на фактот дека веќе влезе во последната година од актуелниот договор со клубот.
„Да бидам искрен, влегов во овој натпревар со мисла ова да биде мојот последен натпревар тука (на Олд Трафорд), никој од клубот не разговарал со мене околу договорот“ рече првата ѕвезда на Ливерпул.
„Во ред е, ја играм својата последна сезона и ќе видиме што ќе се случи на крајот на сезоната, тоа не е до мене, тоа е до клубот, имав добро лето и многу време за себе, да се обидам да останам позитивен, како што знаете ова е моја последна година во клубот, само сакам да уживам во неа“ додаде Египјанецот.
Прочитај следно:
Георгиевски и Крстовски „стрелаа“ во Словенија, а едниот погоди од половина терен! (ВИДЕО)
Бизарна сцена во Романија: Копаа за да ги „израмнат“ головите (ВИДЕО)