Март, 2001 година, на мечот помеѓу Македонија и Турција беше постигнат еден од најубавите погодоци на тогашниот „Градски Стадион“ во Скопје, чие дело беше на поранешниот македонски легендарен фудбалер Тони Мицевски.
Се играше 20. минута од пресметката кога Мицевски доби не баш лесна позиција да постигне гол од слободен удар, меѓутоа Македонецот го „надмудри“ легендарниот турски голман Рушту Речбер кој беше целосно изненаден од овој потег на македонскиот репрезентативец.
И да, оваа мајсторија „зачинета“ со коментарот на легендарниот Златко Калински…
Мечот беше во рамките на квалификациите за пласман на Светското првенство во 2002 година, а истиот Македонија го загуби со 1-2, откако имаше водство на полувремето, меѓутоа истото не успеа да го задржи до крајот на пресметката.