Македонскиот репрезентативец игра во фантастична форма во данскиот национален фудбалски шампионат во дресот на Сондерјиске.
Прочитајте следно:
Митровски донесе победа за Вараждин (ВИДЕО)
Ќамили погоди за Сондерјиске во ремито од 2-2 на домашен терен против Виборг во рамките на 7 коло од данската Суперлига. На мечот настап во домашниот табор имаа и двајцат останати македонски интернационалци, Сефер Емини ги одигра сите 90 минути, а Иван Николов во игра на мечот влезе во 59. минута.
— Bareban (@ileane71207) September 1, 2024
Ова беше втор гол за Ќамили во новата сезона од данската Суперлига, откако претходно погоди и против Митјиланд, а запиша и една асистенција во дуелот против Рандерс.
Формата на Ќамили доаѓа во вистински момент за нашата најсилна фудбалска репрезентација во пресрет на септемвриските дуели против Фарски Острови и Ерменија во рамките на Лигата на нации.