Екипата на Нафта направи неверојатен пресврт во натпреварот против Домжале од седмото коло во елитната фудбалска лига на Словенија, откако на домашен терен најпрво губеше со 0-2, за на крајот да слави победа со резултат 5-2.
Двајца македонски интернатионалци имаше на оваа пресметка во Словенија, и обајцата погодија за своите екипи, откако 26 годишниот Марио Крстовски погоди за гостите уште во 2. минуте од мечот.
Сепак, Христијан Георгиевски најпрво во 44. минута израмни на 2-2, за веќе пет минути подоцна да донесе и пресврт од 3-2.
Георгиевски и Крстовски имаат идентичен учинок во досегашниот тек од новата сезона во Словенија, со по 2 погодоци на 6 натпревари
Едниот гол на Георгиевски беше вистинско ремек-дело, откако погоди речиси од половина терен.